FoodWaStop

About

  • English
  • Afrikaans
  • Shqip
  • Azərbaycan
  • Euskara
  • български
  • Català
  • Hrvatski
  • Čeština
  • Galego
  • Deutsch
  • Magyar
  • Italiano
  • Latviešu valoda
  • Română
  • Español
  • Türkçe
  • Українська
  • македонски јазик
  • Português
  • Српски језик

Загубата и отпадот од храна (FLW) претставуваат глобален предизвик препознаен од меѓународните влади и организации. Намалувањето на FLW е клучно за одржливо обезбедување на нутритивна безбедност на храната за сè поголемата светска популација.

Ова прашање е дел од целите на Обединетите нации (United Nations) во рамки на Целите за одржлив развој, како и од Стратегијата „Од фарма до трпеза“ во рамки на Европскиот зелен договор (European Green Deal). Проектот FoodWaStop COST ги адресира овие предизвици и има за цел: (i) да изгради интердисциплинарна и мулти-актерска европска мрежа која ќе се поврзе и со не-ЕУ медитеранските земји, со цел унапредување на знаењата за FLW над досегашното ниво; (ii) да ја утврди застапеноста на FLW и критичните точки на синџирот на снабдување со овошјето и зеленчукот; (iii) да поттикне технолошки иновации и одржливи стратегии за управување за намалување и спречување на FLW; и (iv) да го валоризира агро-прехранбениот отпад со цел промоција на циркуларна био-економија. Искуството на координаторите и учесниците стекнато преку други сродни проекти (на пр., PRIMA, H2020), разновидна застапеност на различни ЕУ и не-ЕУ земји, како и вклученоста на засегнатите страни и индустриските партнери, ќе придонесат за зголемување на свесноста за овој проблем, утврдување на неговата застапеност, изнаоѓање стратегии за управување преку искористување на потенцијалот на иновативни технологии и дефинирање добри практики за спречување на FLW.

Мрежата FoodWaStop ќе обезбеди придобивки за различни засегнати страни и крајни корисници, вклучително и сите актери во агро-прехранбениот синџир на вредност, од земјоделците (фарма) до потрошувачите (трпеза). Дополнително, FoodWaStop ќе создаде платформа за знаење која ќе промовира иновации, ќе обезбедува насоки и ќе поттикнува дијалог со креаторите на политики, со цел насочување на вниманието кон социјалните и економските импликации од FLW.

Специфични цели

За постигнување на главната цел опишана во овој Меморандум за разбирање (MoU), ќе се реализираат следните специфични цели:

Координација на истражување

  • Воспоставување одржлива истражувачка мрежа што ќе вклучува најмалку 50 мултидисциплинарни групи на засегнати страни (истражувачи од различни дисциплини, организации и сектори) од различни земји, со заедничка цел анализа и спречување на загубата и отпадот од храна.
  • Евалуација на иновативни концепти за спречување на загуба и отпад од храна што можат да се применат на ниво на ЕУ и глобално ниво (најмалку 4 за време на имплементацијата на Акцијата).
  • Поддршка на кариерниот развој, професионалните вештини и знаења на млади истражувачи и иноватори (30 YRI, повеќе од половина од ITC) како носители на одржливо земјоделство и отпорни синџири на исхрана.
  • Идентификација на најмалку 10 нови потенцијални идеи за одржливост на активностите во мрежата преку проекти фокусирани на иновации и имплементација на контекстуално прилагодени решенија за намалување на постбербените загуби и продолжување на рокот на траење на расипливи евро-медитерански прехранбени производи, како и дисеминација на резултатите до засегнатите страни.
  • Подготовка и дисеминација на листа од најмалку 10 „златни правила“ за засегнатите страни (креатори на политики, производители, здруженија на производители, фитосанитарни експерти, техничари во центри за пакување, трговци, менаџери во прехранбениот сектор, потрошувачи) со практични мерки за намалување на загубите и отпадот од овошје и зеленчук за најмалку 15%.

Градење капацитети

  • Создавање институционални врски за редовна и континуирана размена на знаење и добри практики меѓу земји со водечка улога и земји со помал капацитет во областа на Акцијата.
  • Поттикнување учество на 2 блиски соседни земји (Near Neighbour Countries – NNC) и сите 22 COST ITC во активностите на Акцијата, со цел подобрување на нивниот истражувачки развој за намалување на загубата и отпадот од храна.
  • Промоција на учеството на најмалку 100 млади истражувачи и иноватори и истражувачи од ITC и NNC во семинари, симпозиуми, работилници и школи за обука во рамки на сите научни активности поврзани со FoodWaStop, со цел поттикнување научна размена и трансфер на технологии.
  • Развој на најмалку 10 активности за градење капацитети што ќе поддржат ширење на добри практики и релевантни информации за складирање и ракување со овошје и зеленчук, како и обуки наменети за оператори во синџирот на исхрана.
  • Имплементација и координација на трансдисциплинарна платформа за граѓанска наука како јазол за соработка и вклучување меѓу научници, практичари, засегнати страни и академската заедница, со цел поттикнување на знаење, размена на истражувања и учество „оддолу-нагоре“.